Алиоски ја доби македонската пресметка во Лигата на Европа, рутинска победа на Арсенал и шок за Рома на „Олимпико“

Екипата на Фенербахче со 2:0 го совлада АЕК Ларнака и се искачи на лидерската позиција на табелата во групата Б во Лигата на Европа. Фенербахче поведе со голот на Миши Батшуаји во 26-тата минута, а победата беше заверена во вториот дел, и тоа со автоголот на Мамас во 80-тата минута. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски ги одигра сите 90 минути за Фенербахче, додека Иван Тричковски остана на клупата на кипарскиот тим.

Арсенал продолжува да ги меле противниците сезонава и вечерва со втор тим, рутински го совлада Бодо/Глимт иако менаџерот Микел Артета одлучи да настапи со вториот тим.
Нкетија во 23-тата минута го отвори резултатот, а пет минути подоцна Холдинг зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Виеира во финишот од средбата.

Во дербито на колото, Бетис нјаа шокира Рома на „Олимпико“ и славеше со 1:2.
„Римската волчица“ поведе во 34-тата минута со голот на Пауло Дибала од пенал, но Бетис шест минути подоцна дојде до израмнување преку Родригез. Голот за триумф го даде Луиз Фелипе во 88-мата минута.

Фрајбург со два гола во второто полувреме со 2:0 го совлада Нант, додека Феенорд прокоцка водство од 0:2 на полувреме и одигра 2:2 на гостувањето кај Митјиланд.
Олимпијакос пред своите гледачи е декласиран од Карабак со 0:3, а Рен со 2:1 го победи Динамо Киев.

- Оглас -

Најнови вести