Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, го напуштил подготвителниот камп на тимот во Токио и нема да настапи на пријателскиот натпревар против Јокохама Маринос, кој е закажан за в среда. Бразилецот заминал поради лични причини и ќе им се приклучи на соиграчите дури по нивното враќање во Англија.
На негово место, на голот на Црвените најверојатно ќе застане новото засилување, грузискиот голман Ѓорги Мамардашвили.
Алисон стана трет фудбалер на Ливерпул кој го напушта кампот предвреме.
Претходно Џо Гомес се врати во Англија на дополнителни лекарски прегледи поради повреда на Ахиловата тетива, а Луис Дијас доби дозвола да отпатува во Минхен за да го финализира трансферот во Баерн Минхен.
Ливерпул пристигна во Токио во неделата, по поразот од Милан со 2-4 на пријателскиот натпревар во Хонг Конг.