33.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Алкалоид има фантастична квота за победа во Sport Life, но за пласман во групите ќе им треба чудо (Фото)

Алкалоид вечерва во „Автокоманда“ ќе го добие пехарот од Европскиот куп кој го освои минатата сезона, откако не се одигра реванш мечот против АЕК во Скопје. Тоа ќе се случи пред натпреварот против Хановер од квалификациите за пласман во групната фаза на Лигата на Европа.

Сепак, за влез во групите на избраниците на Кирил Лазаров ќе им биде потребно вистинско чудо. Алкалоид загуби со 10 гола разлика на првиот натпревар, а квотите во Sport Life велат дека „фармацевтите“ се аутсајдери и на домашниот меч.

Квотата за победа на Алкалоид е фантастична, дури 3.85, додека Хановер е фаворит со квота од 1.37.

Европската авантура денес започнува и за ракометарите на Бутел, кои ќе му гостуваат на Дуделанж од Луксембург во меч од 1/64-финалето од Европскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести