Ракометарите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер одиграа меч за ракометни гурмани, а на крајот си ги поделија бодовите, што веројатно е на големо задоволство на битолчани.
„Фармацевтите“ доминираа во текот на целиот меч, имаа водство на полувремето од 15-14, а потоа дојдоа и до максимални 19-15, но Еурофарм Пелистер покажа зошто е шампион и успеа да се извлече од незавидната позиција во која се наоѓаше.
Алкалоид имаше +2 на 45 секунди до крајот, 33-31, но битолчани со два гола вофинишот, а посебно оној на Хосни буквално во последната секунда успеаја да извлечат реми, 33-33, од тешкото гостување во „Автокоманда“.
Филип Кузмановски со 10 гола беше најефикасен на мечот, додека Тордарсон од екипата на Алкалоид успеа да постигне седум гола од седум обиди.
Ракометната сезона ќе биде исклучитено интересна, бидејќи четири екипи имаат амбиции за шампионската титула, а по три кола единствено Вардар е со максимален скор.