12.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Алкарас го копира Ѓоковиќ, ќе го подобрува сервисот „играјќи кошарка“ (Видео)

Новак Ѓоковиќ кој се смета за најдобар враќач во светот на тенисот, има скриено оружје и во својот сервис, три од неговите шест најдобри сезони на сервис се од 2022 година наваму. 

Промената на сервисот на 24-кратниот гренслем шампион се покажа како клучна. Тој го фрла топчето малку нанапред така што кога ќе го удри, обезбедува контрола врз ударот, со цел да го минимизира вртењето на топката колку што е можно повеќе. Ова овозможува поконтролиран удар, клучен елемент на неговата техника.

Токму тоа сега почнува да го прави светскиот рекет број 1, Карлос Алкарас, кој посакува поквалитетен сервис во 2026 година. Шпанецот на тренинзите става посебен акцент на исфрлање на топката при сервис.  

Заедно со Самуел Лопез, неговиот нов тренер кој го замени Хуан Карлос Фереро, тој продолжи да работи на сервисот, користејќи стап и мал кошаркарски обрач.

Алкарас ќе има неколку тестови пред Австралијан опен, гренслемот на кој досега никогаш не стигнал подалеку од четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести