1.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Алкарас искрен: „Ѓоковиќ е мојата инспирација!“

Карлос Алкарас го освои својот прв трофеј од Отвореното првенство на Австралија откако во финалето славеше над Новак Ѓоковиќ, а токму Србинот вели дека е неговата инспирација.

Ѓоковиќ на 39-годишна возраст сè уште игра на врвно ниво, па токму тоа беше едно од прашањата кое му го поставија на Шпанецот.

„Да бидам искрен, не знам дали ќе играм до 38 години. Ќе видиме колку долго ќе траам. Се надевам дека на 38 години ќе бидам во толку добра форма што ќе можам да се натпреварувам и да ги предизвикувам помладите играчи, како и да играм финалиња на гранслемовите и најголемите турнири. Инспирацијата што ја добивам од него всушност е силата на желбата, мислам дека тоа е клучот за сè. Кога ќе одлучиш нешто, работиш на тоа и одиш кон целта, мислам дека никој не може да те запре. Тој го покажа тоа и токму во тоа наоѓам инспирација. Импресивно е тоа што го прави, колку верува во себе и во тоа дека е способен да постигне големи работи и да остави длабока трага во спортот“, вели Алкарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести