Алкарас лесно го реши Мусети и дојде на еден меч од мега пресметката со Ѓоковиќ

Првиот носител на Ролан Гарос, Карлос Алкарас за нешто повеќе од два часа игра, во три сета го победи Лоренцо Мусети и дојде на само еден меч од мега пресметката со Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

Алкарас со 6:3,6:2,6:2 го победи Италијанецот и се пласира во четвртфиналето на вториот годинешен гренслен турнир, Ролан Гарос.

Алкарас лошо го започна мечот, уште на стартот го загуби гемот на свој сервис, но успеа да се врати во четвртиот гем кога израмни на 2:2. Потоа на следниот сервис на Мусети, повторно направи брејк кој му беше доволен за да го освои сетот со 6:3.

И вториот сет започна со брејк, овој пат го направи Алкарас, но исто така во четвртиот гем му дозволи на противникот да се врати во игра. Сепак. Шпанецот ги одзеде двата наредни сервиси на Мусети и поведе со 2:0.

Во третиот сет, Алкарас не дозволи драма, направи два брејка за триумф и пласман во четвртфиналето каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Офнер и Циципас, а доколку нема изненадувања, во полуфиналето се очекува спектакуларна пресметка со Новак Ѓоковиќ.

Во женска конкуренција, Украинката Елина Свитолина со 6:4,7:6 ја победи Русинката Дарија Касаткина и се пласира во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести