Карлос Алкарас требаше да биде еден од најистакнатите гости на денешната свадба на тенисерот Алехандро Давидович-Фокина, но најдобриот шпански тенисер одби да присуствува, бидејќи веќе имаше резервирано лет за Лондон, каде во вторник на турнирот во Квинс треба да игра токму против сонародникот Давидович-Фокина.
Така, Карлос ќе има можност да му честита на 27-мо рангираниот на АТП листата за неколку дена кога ќе се соочат еден со друг во првото коло од турнирот кој е генерална проба пред Вимблдон.