Карос Алкарас ќе му биде противник на Данил Медведев во второто полуфинале на Вимблдон. Младиот 20-годишен шпански тенисер го доби дуелот со неговиот врсник Холгер Руне од Норвешка, победувајќи го со 3:0 во сетови.
Во првиот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и стигнаа до 6:6, па тајбрејкот мораше да решава. Беше 3:3 кога Алкарас со серија од четири поени по ред стигна до 7:3 и поведе со 1:0 во сетови.
Во вториот сет се случи и првиот брејк на мечот, а тој се покажа како клучен. Беше 4:4 кога Руне сервираше, а Алкарас стигна до брејк топка и веднаш ја искористи. Потоа Шпанецот го доби својот сервис и со 6:4 го освои и вториот сет за 2:0.
Ова како да беше демотивирачки за Руне, кој во третиот сет загуби свој сервис по што Алкарас поведе со 3:2 и до крајот на сетот, Шпанецот ја задржа оваа важна предност, за да на крајот стигне до 6:4 и пласман во полуфиналето на Вимблдон.