Алкарас очекува во финалето во Мелбурн да игра против Ѓоковиќ: Тука Новак е речиси непобедлив

Вечерва во еден часот по полноќ и започне првиот годинешен гранслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија на кое речиси сите фанови посакуваат во финалето на машкиот турнир да играат двајцата најдобри тенисери на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.

Минатата година овие двајца тенисери имаа неколку фантастични меѓусебни мечеви, а највеќе се памети финалето на Вимблдон на кое славеше Алкарас кој порача дека токму непобедливоста на Новак на гранслем-турнирот во Мелбурн претставува негов голем предизвик.

„Да, тоа е голема мотивација за мене, секогаш сака да играм против најдобрите и да видам до каде сум. Тоа е добар тест, да се игра против Новак на турнирот на кој е речиси непобедлив. Се надевам дека ќе играме во финалето, а кога ќе ја погледнам неговата статистика тука во Мелбурн, тоа ми претставува голема мотивација“, изјави Алкарас.

Алкарас во првото коло на Отвореното првенство во Австралија ќе игра против ветеранот Ришар Гаске, додека Новак Ѓоковиќ походот кон единаесеттиот гранслем-трофеј во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести