Алкарас пак освои сет без загубен гејм, и си обезбеди осминафинале во Мајами

Прворангираниот светски тенисер, Карлос Алкарас, го победи Србинот Душан Лајовиќ со 6-0, 7-6, и обезбеди осминафинале на Мастерсот во Мајами, каде за ривал ќе го има 16-тиот носител Томи Пол од САД.

Алкарас кој се надева на задржување на првата позиција на АТП листата и после овој силен турнир, втор меч по ред доби сет без да загуби гејм, но во вториот сет популарниот Дуци даде силен отпор кој беше скршен дури во тај-брејкот.

- Оглас -

Најнови вести