Алкарас почна да победува и на трева, уште една победа го дели од првото место на АТП

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, ќе игра во финалето на турнирот во Квинс кој е познат како генерална проба пред Вимблдон, бидејќи исто како и славниот грен-слем, се игра во Лондон на терени со тревната подлога.

Алкарас во полуфиналето беше подобар од Себастијан Корда со 6-3, 6-4, и во финалето ќе се сретне со Австралиецот Алекс Де Минаур. Ако победи Алкарас, ќе освои 500 АТП поени, и со тоа в понеделник ќе избие на првото место на АТП листата пред Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести