Алкарас првпат стигна до четвртфинале на Вимблдон, следен на менито му е Руне

Карлос Алкарас и Холгер Руне на ист начин, со загубен сет, а потоа освоени три сета по ред, се пласираа во четвртфиналето на Вимблдон и си закажаа меѓусебен дуел.

Првиот носител Алкарас славеше против Матео Беретини, а Руне против Григор Димитров.

За Алкарас ова е прво четвртфинале на Вимблдон, лани во осминафиналето беше поразен од Јаник Синер.

- Оглас -

Најнови вести