6.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Алкарас рутински против домашниот тенисер, понатаму одат и Зверев и Тиафо

Најдобриот тенисер во светот според АТП рангирањето, Карлос Алкарас со сигурна победа од 3:0 стартуваше на првиот Гренд слем турнир сезонава, Отвореното првенство на Австралија. Алкарас за противник го имаше домашниот тенисер Адам Волтон, а Шпанецот победи со 6:3, 7:6, 6:2.

„Мечевите од првото коло на гренд слем турнирите никогаш не се лесни. Ова е и прв меч од новата сезона, мојот прв официјален дуел во 2026 година. Бев фокусиран, одиграв како што посакував и најважно е дека сум во следната фаза“, рече Алкарас по победата на Волтон.

На машкиот турнир немаше изненадување во првиот ден. Понатаму одат и Александер Зверев, како и Францис Тиафо.

Новак Ѓоковиќ својот прв меч ќе го игра утре околу пладне по македонско време, а противник му е Шпанецот Мартинез.

- Оглас -

Најнови вести