Прворангираниот тенсер на светската АТП ранг-листа, Карлос Алкарас, не ја прикажа својата најдобра игра, но дојде до својата 50-та победа сезонава и се најде во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати.
Шпанецот играше три часа, од кои 99 минути само во првиот сет против Австралиецот Томпсон. Тој сет му припадна на Алкарас со 7-5, потоа противникот изедначи на 1-1 во сетови, а третиот сет го освои фаворитот со 6-3. Следен ривал на Алкарас би требало да му биде за него многу незгодниот Томи Пол.
Новак Ѓоковиќ вечерва по полноќ ќе го почне својот дуел со Шпанецот Давидович Фокина, а ако победи, Србинот во осминафинале би се сретнал со Монфис или Де Минаур.