8.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Алкарас се загреваше еден сет, а потоа го збриша Де Минор

Најдобриот светски тенисер, Карлос Алкарас, првпат во кариерата ќе игра во полуфинале на Отвореното првенство на Австралија. Светскиот рекет број 1, во денешното четвртфинале го победи Австралиецот Алекс де Минор со 7-5, 6-2, 6-1 и си закажа полуфинале против Александер Зверев, кој е трети носител.

Алкарас е осми Шпанец кој стигнал до полуфинале на ОП на Австралија, а ќе има добра прилика да игра и финале, со оглед на тоа дека ќе биде фаворит и против Германецот Зверев.

До триумфот над Де Минор, Алкарас дојде по 2 часа и 15 минути игра. Ова е првпат Алкарас на ОП на Австралија да победи тенисер кој е во Топ 10 на светот.

Сега е јасна првата полуфинална двојка на првиот гранслем годинава, а ако нема големо изненадување, во второто треба да се сретнат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, но тие утре рано наутро ќе треба да си го одработат својот дел од четвртфиналето.

Алкарас има прилика да стане најмладиот во историјата на тенисот кој ги освоил сите четири гранслема, а во моментов му фали титула само уште во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести