Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас без многу проблеми со 3:0 во сетови го помина првото коло на САД Опен. Во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, Алкарас со 6:4, 7:5 и 6:4 славеше над Американецот Опелка.
Сепак, тоа што најмногу привлече внимание на овој дуел беше новиот имиџ на Шпанецот. Младиот тенисер целосно ја истрижил косата, а по мечот објасни зошто го направил тоа.
„Сакав да бидам свеж за овој турнир. Да биде нешто ново, да го започнам турнирот на вистински начин. Мислам дека ова одговара на Отвореното првенство на САД“, рече Алкарас веднаш по победата во првото коло на последниот гранслем-турнир во сезоната. Во следното коло, Шпанецот кој е втор на АТП листата ќе игра против Матије Белучи од Италија.
Feliz de estar de vuelta en NYC! ❤️🤩🫶🏻 pic.twitter.com/mPcc6odYLd
— Carlos Alcaraz (@carlosalcaraz) August 26, 2025
Во мечевите кои се одиграа ноќеска, без проблеми првото коло го поминаа фаворитите, па Рублјев со 3:0 (6:4, 6:4, 6:4) беше подобар од Прижмиќ, Руд со 6:1, 6:2 и 7:6 славеше над Офнер, а максимални победи од 3:0 забележаа и Руне и Тијафо.