7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Алкарас вечер мора да победи, во спротивно ќе треба против Синер да го брани првото место

Победата на Алекс де Минор од 2-0 во сетови против Тејлор Фриц значеше дека Карлос Алкарас има обезбедено полуфинале на завршниот турнир кој се игра во Торино, но сега на Шпанецот му претстои битка за задржување на првото место на АТП-листата.

Алкарас вечерва игра со Лоренцо Музети и ако победи, ќе го обезбеди првото место на крајот на 2025 година. Но, ако загуби од Италијанецот, Алкарас ќе биде втор во групата и најверојатно ќе треба да игра полуфинале со Јаник Синер, што би значело директна битка за првото место.

Ако Алкарас добие уште еден меч (вечерва или полуфиналето), ќе го осигури првото место. Но, ако ги загуби двете средби, тогаш ќе треба да чека Синер да не го освои турнирот.

- Оглас -

Најнови вести