Алкараз е кралот на Квинс, покажа дека е подготвен за одбрана на титулата на Вимблдон

Карлос Алкараз дојде до 21-вата АТП титула во кариерата, откако денеска во финалето на турнирот во Квинс кој се игра на тревната подлга, го совлата Јиржи Лехецка со 7-5, 6-7, 6-2.

Овој турнир од АТП 500 серијата е генерална проба пред гренслемот Вимблдон, а 22-годишниот Алкараз и преклани го освои Квинс, а лани го освои Вимблдон.

За Алкараз ова е петта титула годинава, а во кариерата има четири титули на трева и над 90 проценти успешност во мечевите на трева. На пример неговиот славен сонародник Рафаел Надал во целата кариера освои четири трофеи на турнирот на најбрзата подлога.

- Оглас -

Најнови вести