Актуелниот првак на Вимблдон, Карлос Алкараз, се наоѓа на две победи од трета титула по ред на овој славен гренслем турнир. Денеска во четвртфиналето, Шпанецот го елиминираше домашниот тенисер и локален херој Камерон Нори со чисти 3-0 во сетови.
Во полуфиналето, Алкараз ќе се сретне со Тејлор Фриц кој денеска во четвртфиналето беше подобар од Карен Хачанов со 3-1 во сетови.
Другите две четвртфинални битки ќе се водат утре, а паровите се Синер – Шелтон и Ѓоковиќ – Коболи.
Алкараз има серја од 19 победи по ред на Вимблдон и оди по трета титула, откако триумфираше лани и преклани.