Холгер Руне е победник на АТП 500 турнирот во Барселона кој се играше на земјена подлога. Данецот во финалето го надигра Карлос Алкараз со 7-6, 6-2 и за него ова е најзначајна титула од 2022 година наваму.
За Алкараз ова е прв пораз од 2021 година наваму на терените во Барселона, и ова му е чекор назад во обидот да го стогне рекордот на Рафаел Надал кој дури 12 пати триумфираше на овој турнир.
Алкараз на почетокот на вториот сет имаше проблеми со десната нога, побара и лекарска помош, и тоа е една од причините за послабата игра.