Алкарас загуби сет, па дојде до првата победа во кариерата во Монте Карло

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, попладнево го совлада Франсиско Серундоло со 3-6, 6-0, 6-1 и тоа за треторангираниот на АТП-листата е прва победа во кариерата на земјените терени во Монте Карло.

Алкарас досега имаше само еден настап на Мастерсот во малото Кнежевство, во 2022 година и загуби од Корда уште на стартот. Серундоло го доби првиот сет, но тоа како да го налути Алкарас, кој заигра фуриозно и до крајот загуби само уште еден гејм.

Во следното коло Алкарас ќе се сретне со Германецот Алтмаер, кој беше подобар од Ришар Гаске. За францускиот ветеран ова беше последен меч во Монте Карло, каде што првпат заигра пред 23 години како 15-годишен талент.

- Оглас -

Најнови вести