Алварес останува Граѓанин до 2028 година

Управата на Манчестер сити одлучи да го награди напаѓачот Хулијан Алварес со нов договор со кој и платата ќе му биде поголема.

Алварес минатото лето пристигна во Манчестер сити од Ривер плата, а откако одигра одлично на Светското првенство во Катар на кое неговата Аргентина ја освои титулата, менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, одлучи да го награди напаѓачот и со тоа да се заштити од евентуални понуди налето.

Алварес во наредните денови и официјално ќе стави параф на новиот договор со кој ќе остане на „Етихад“ до 2028 година.

Тој во Манчестер сити пристигна во трансфер вреден 21 милион евра, а сезонава одигра 31 натпревар и постигна 10 гола, а имаше и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести