Фудбалерот на Верона, Гифт Орбан, се степал со навивач по натпреварот од италијанското првенство кој се одигра во неделата во Верона. Тимот на Орбан загуби од Милан со 0-1, а единствениот гол на натпреварот го постигна францускиот играч од средниот ред, Адриен Рабио.
Италијанскиот „Кориере дело спорт“ пишува дека нигерискиот напаѓач бил испровоциран од еден навивач, со кој одбил да се фотографира по натпреварот. Навивачот бил упорен и дури го удрил автомобилот на Орбан. Тоа дополнително го разбеснило напаѓачот, по што дошло до пресметка на улица.
[Gazzetta] Gift Orban of Hellas Verona fights with a fan after the defeat against Milan.
by u/Sparky-moon in soccer
Некој од случајните минувачи ја снимил тепачката, а случајот веќе е под полициска истрага, пренесуваат италијанските медиуми.
Орбан оваа сезона пристигна во Верона од Хофенхајм на позајмица со опција за откуп. Во италијанската лига постигна седум гола и забележа три асистенции на 28 натпревари. На пет кола пред крајот на првенството, Верона речиси сигурно се сели во втората лига.

