Артета по поразот од Сити: Верувам дека Арсенал ќе ја освои титулата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше разочаран по поразот од 1-2 против Манчестер сити. Овој резултат дополнително ја заостри борбата за титулата во Премиер лигата бидејќи разликата меѓу двата тима се намали само на три бода, а Граѓаните имаат и натпревар помалку.

Сепак, Артета останува оптимист и верува дека неговиот тим на крајот ќе стигне до трофејот.

„Верував денес, верував и во средата, и пред една недела, затоа што ги гледам секој ден и знам на кое ниво сме. Но, денес ако играчите имаа потреба од дополнителна сигурност, мислам дека сега се уште поуверени. За тоа се зборуваше и во соблекувалната. Сега ситуацијата е нова – тие имаат натпревар помалку, ние имаме три бода предност и уште пет кола до крај. Значи, сè уште има за што да се игра. Нема да застанеме, продолжуваме понатаму, тоа е сигурно“, изјави Артета по поразот од Сити.

Тој нагласи дека Арсенал влегол во натпреварот со цел да победи.

„Дојдовме тука за да го добиеме натпреварот. Пораката беше јасна уште три дена претходно. Се подготвивме токму за тоа, да ја пренесеме играта во зоните каде што верувавме дека можеме да победиме. И тоа го направивме, иако почнавме со гол негатива и психолошки моравме да се носиме со тоа. Се справивме добро и покажавме дека сме на тоа ниво. Но, реалноста е дека разликата беше во двата шеснаесетника и тоа го реши натпреварот“, додаде шпанскиот стратег.

Артета повторно потенцираше дека целосно му верува во својот тим:

„Ако треба да бирам играчи со кои би ја освоил Премиер лигата во последните пет кола, додека сме во оваа позиција и евентуално во финале од Лигата на шампионите, тогаш мислам дека најдобро е да си останам дома. Тоа не е случај. Никогаш не било потребно, ниту во тешки моменти“, заврши тој.

- Оглас -

Најнови вести