Американец од НБА може да стане дел од репрезентацијата на Србија

Новиот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Игор Кокошков најави дека можно е да се случи во националниот тим да биде доведен и еден американски НБА играч. Се работи за 26-годишниот крилен центар на Феникс санс, Франк Камински.

Овој играч има корени од Србија и тоа по дедо од мајчината страна. По тој основ, Камински и може да добие српски пасош, а со тоа подоцна да стане и репрезентативец на оваа земја.

„Знам дека Камински дедо со српски корени, но не ги знам точните детали. Претпоставувам дека тоа е од мајчина страна. Ако зборуваме за тој поширок список, секој кој има потенцијал има право да се надева за место во репрезентацијата. Камински е НБА играч, па ќе видиме“, вели Кокошков во интервју за магазинот „Кош“.

Досега никогаш во историјата на српската кошаркарска репрезентација не се случило странец да заигра во националниот дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести