Американец од Задар шутира слободни фрлања во стилот на Радивој Кораќ (Видео)

Американскиот центар Чинану Онуаку, кој игра за Задар во АБА-лигата, се најде во центарот на вниманието на кошаркарската јавност на просторите на поранешна Југославија поради несекојдневниот начин на изведување слободни фрлања.

Онуану изведе четири слободни и сите ги шутна „од колено“, а погоди двапати. Пред многу децении славниот Радивој Кораќ вака ги шутираше пеналите. На Онуаку не му беше проблем вака да изведува слободни и кога играше за Хјустон рокетс во НБА-лигата, иако му се смееја.

Стилот на Онуаку може да го видите тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести