Американката ја победи најдобрата на ВТА и обезбеди полуфинале на завршниот турнир

Американката Џесика Пегула е прва полуфиналистка на ВТА финалниот турнир кој се игра во Канкун, Мексико. Во меч од второто коло во Група А, Пегула успеа да ја изненади најдобрата тенисерка во светот Арина Сабаленка и ја победи со 6:4, 6:3, додека во вториот меч од оваа група, Јелена Рибакина беше подобра од Марија Сакари од Грција со 6:0, 6:7, 7:6.

Со две победи од две кола, Пегула сигурно ќе игра во полуфиналето, а вториот патник во полуфиналето ќе се знае по дуелот од третото коло меѓу Сабаленка и Рибакина.

Вечерва се игра второто коло од Б групата на финалниот турнир во Канкун.

- Оглас -

Најнови вести