Американците на Работнички му ја донесоа првата јадранска победа

Работнички ја совлада Подгорица со 76-70 во второто коло на АБА 2 лигата, што за најтрофејниот македонски клуб е историска прва победа во оваа регионална лига. Работнички првата четвртина ја доби со дури 18 поени разлика, и тоа беше доволно за победа, иако опасниот црногорски тим кој во првото коло славеше против МЗТ Скопје Аеродром. се закани во финишот.

Демиер Питс со 21 поен, од кои многу важна тројка на 1,22 минута до крајот, и Девон Вашингтон со 19 поени, беа најефикасни кај Работнички, и најзаслужни за победата, а и другите двајца странци (Враговиќ и Балмазовиќ) имаа двоцифрен број на поени.

- Оглас -

Најнови вести