Рубен Аморим повеќе не е менаџер на Манчестер јунајтед, а статистиката јасно покажува дека разделбата беше неизбежна. Португалецот остави зад себе бројки кои не му одат во прилог и го вметнаа на неславното дно меѓу сите тренери во ерата по Алекс Фергусон.
Гледано според процентот на победи, Аморим е најслабиот менаџер на Црвените ѓаволи“ по 2013 година. Жозе Мурињо има 58,33% победи и е најуспешен во таа категорија, по него следуваат Ерик тен Хаг со 54,69%, Оле Гунар Солскјер со 54,17%, Дејвид Мојс со 52,94% и Луј ван Гал со 52,43%.
Аморим, пак, забележа само 36,92% победи, драстично помалку во однос на сите негови претходници, кои се движеа во распон меѓу 52 и 58 проценти. Токму таа огромна разлика најдобро ја отсликува причината за неговото заминување од „Олд Трафорд“.
Од пензионирањето на Алекс Фергусон во 2013 година, Манчестер јунајтед никако не успева да ја врати старата стабилност и доминација. Клубот во 2026 година ќе го именува веќе седмиот постојан менаџер во пост-Фергусоновата ера, ако не се сметаат привремените решенија како Рајан Гигс, Мајкл Карик и актуелниот преоден тренер, Дарен Флечер.

