21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Аморим го пикираше Луис Суарес како засилување на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед се подготвува за новата сезона, која треба да биде многу поуспешна од претходната. Црвените ѓаволи не само што не успеаа да изборат место во европските купови, туку на крајот завршија на 15-тото место, што е нивни најлош пласман во последните 40 години.

Поради овие очајни игри и резултати, јасно е дека треба да се сменат некои работи во редовите на некогашниот англиски гигант. Се бараат нови играчи кои ќе донесат свежина во играта.

Според најавите, тренерот на Манчестер, Рубен Аморим се заинтересирал за доведување на Луис Суарес. Не се работи за легендарниот уругвајски голгетер, туку за Суарес кој е роден во Колумбија и моментално игра во втората шпанска лига, за тимот на Алмерија.

Во сезоната која што исмина, овој Суарес постигна дури 27 голови и беше најдобар стрелец во втората шпанска лига. Најавите се дека овој трансфер може да се реализира за само 25 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести