13.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Аморим избувна на прес: Јас сум менаџер, а не тренер на Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, ја напушти прес-конференцијата по ремито на неговиот тим против Лидс на гостински терен.

Пред да замине, Аморим упати остри пораки до раководството на клубот во врска со својата иднина на клупата на Црвените ѓаволи. Тимот што го води Аморим испушти бодови по вторпат за само четири дена, откако Лидс поведе со голот на Аронсон, а израмнувачкиот погодок го постигна Матеус Куња во 65-та минута. Сепак, Манчестер јунајтед не успеа да стигне до победа.

Аморим на прес-конференцијата јасно стави до знаење дека не е само тренер, туку менаџер кој сака целосна контрола. Тој најави дека ќе се откаже од својата формација 3-4-3, но претходно ќе треба време и значителни инвестиции за да го реализира својот план.

„Дојдов овде за да бидам менаџер на Манчестер јунајтед, а не тренер. Секој оддел, скаути, спортски директор, треба да ја работи својата работа. Јас ќе ја работам мојата 18 месеци, а потоа ќе видиме што ќе следува“, истакна Аморим.

На прашањето дали има доверба од клубот, тој додаде:


„Забележувам дека се даваат селективни информации за сè. Јас сум тука за да бидам менаџер, не тренер. Тоа е јасно. Не сум Тухел, Конте или Мурињо, јас сум менаџер на Манчестер јунајтед. Ова ќе трае 18 месеци или додека управата не одлучи да донесе друг. Јас нема да се откажам.“

Аморим потоа повтори: „Јас сум менаџер, не тренер. Тоа е мојата улога. Ако некој не може да се справи со критики од Гери Невил или некој друг, тогаш мораме да го менуваме клубот.“


По овие зборови, тој ја напушти салата, иако новинарите се подготвуваа за дополнителни прашања.

- Оглас -

Најнови вести