Аморим навести кои двајца фудбалери во јануари ќе си заминат од „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, навести можна разделба со двајца незадоволни играчи. Станува збор за Џошуа Зиркзе и Коби Мејну, кои целосно паднаа во втор план и сакаат да заминат во јануари за да се наметнат кај селекторите Роналд Куман и Томас Тухел пред Мундијалот следното лето.

„Клубот секогаш е на прво место и тоа мора да биде приоритет. Мораме да размислиме за тимот и што ни е потребно, а потоа и дали нивното заминување ќе биде исплатливо за клубот. Потоа, сè е можно“, изјави Аморим.

Зиркзе оваа сезона има само пет настапи и вкупно помина само 90 минути на терен без постигнат гол, додека Мејну одигра малку повеќе, осум натпревари со вкупно 228 минути.

Јасно е дека нема да се најдат на Светското првенство доколку останат во Јунајтед до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести