Аморим со себе во Ливерпул носи и двајца играчи на Спортинг

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, кого управата на Ливерпул го одреди да биде наследник на Јирген Клоп, наводно им порачал на челниците на Црвените дека нема намера сам да доаѓа на „Енфилд“.

Аморим со цел да ја зачува атмосферата во соблекувалната на Спортинг Лисабон кој се наоѓа пред освојување на двојната круна, ги демантира сите вести дека ќе биде нов тренер на Ливерпул, но португалските медиуми пишуваат дека тренерот со себе на „Енфилд“ сака да донесе двајца фудбалери кои ги смета за клучни во неговиот проект.

Првиот е дефанзивецот Осман Диамонде кој заедно со Вирџил ван Дајк, треба да го сочинува бедемот пред голот на Алисон. Вториот играч кој Аморим бара од Ливерпул да го купи е Данецот Мортен Хјулманд за кого интерес пројавуваат и Арсенал и Тотенхем.

Португалските медиуми пишуваат дека Ливерпул веќе се согласил да ја плати откупната клаузула за Аморим која изнесува 15 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести