Амрабат ја честеше Специја, па ја потопи со гол во финишот (Видео)

Фиорентина ја победи Специја со 2:1 на гостински терен, а пат од трагичар до јунак на мечот мина Софијан Амрабат.

Мароканецот најпрво направи катастрофална грешка во 74-тата минута, откако загуби топка на средина на теренот, по што Агудело лесно израмни на 1:1, но потоа беше и јунакот во победата на Фиорентина.

Амрабат успеа да ја поправи грешката со победнички гол во 89-тата минута, што им донесе три бода на гостите.

Претходно, Кжиштоф Пјонтек промаши пенал во 16-тата минута, во првиот обид конечно да постигне гол во понеделник, во натпревари од Калчото.

Сепак, Полјакот ја коригираше грешката во 42-рата минута за 1:0 за Фиорентина и сега има необична низа од голови во Серија А секој ден од неделата.

Пјонтек играше и за Џенова и за Милан и Фиорентина му е третиот клуб во Италија.

Специја израмни со голот на Агудело во 74-тата минута, но не успеа и во четвртиот меѓусебен меч да ја победи Фиорентина.

Специја остана на 26 бода на 14-тото место, а Фиорентина е на седмата позиција со 41 бод.

- Оглас -

Најнови вести