31.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Анадолу Ефес без Бобоа до крајот на сезоната

Анадолу Ефес обезбеди важна победа против Црвена ѕвезда, совладувајќи го тимот на Јанис Сферопулос во Белград со 96-97 по продолжение, но во тој натпревар загубија еден од клучните кошаркари.

Родриг Бобоа, еден од најискусните играчи на тимот, мораше да го напушти теренот поради повреда во текот на третата четвртина, и тоа во моменти кога играше одлично.

Тој беше изнесен од теренот во инвалидска количка, а првичните прогнози велат дека сезоната за него е веројатно завршена.

Процесот на рехабилитација веќе започна, а повреден е листот на левата нога.

Иако има 37 години, Родриг Бобоа оваа сезона настапуваше одлично во Евролигата со просек од 8.9 поени, 1.4 скока и 1.6 асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести