Анчелоти го тужи поранешниот клуб!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, покрена судски спор против својот поранешен клуб Евертон за неисплатен бонус во износ од два милиони фунти. Италијанецот бонусот го заработил со освојувањето на 12-тото, односно 10-тото место додека беше тренер на Евертон во Премиер лигата.

Клубот од Ливерпул во моментов е во големи долгови и нема пари да ги исплати старите долгови, а пред извесен период клубот мораше да земе кредит за да продолжи изградбата на новиот стадион. Евертон оваа сезона со тешки маки се спаси од испаѓање од Премиер лигата, а спасот од финансиската криза го гледа во продавање на своите најдобри фудбалери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести