Анчелоти лут: Тоа за црвен картон? Мислев дека е шега (Видео)

Повеќе нема непоразени екипи во Премиер лигата откако Евертон денеска со 2:0 загуби на гостувањето кај Саутхемптон. Домаќините уште во првото полувреме дадоа два погодци и најавија дека трите бода ќе останат на стадионот „Сент Мери“.

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, го призна поразот, но беше лут на судиската одлука да го исклучи Лукас Дигне во 72-рата минута. Во трчање, Дигне згазна врз ногата на Вокер-Петерс и заработи директен црвен картон, иако немаше никаква намера за такво газење.

„Мислев дека е шега црвениот картон. Кога играш фудбал, трчаш и може да се случи случајно да стапнеш на нечија нога. Ова беше за жолт картон и мислам дека нема ниту еден играч кој би се согласил дека стартот беше за црвен картон. Ќе се жалиме и се надевам дека Дисциплинската комисија ќе го укине црвениот картон, инаку фудбалот веќе нема смисла“, рече Анчелоти, кој призна дека Саутхемптон бил подобар тим на денешниот меч и заслужено победил.

https://youtu.be/5WKfeak2gTQ

 

- Оглас -

Најнови вести