Анчелоти: Модриќ е благослов, подарок за фудбалот, пример за младите

Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој во септември ќе наполни 40 години, синоќа стана највозрасен стрелец во историјата на Реал Мадрид во сите натпреварувања, откако првпат во кариерата (одиграл 30 куп меча) даде гол на меч од шпанскиот Куп.

Модриќ пред четири дена постигна гол и во лигашкиот меч против Валенсија, и стана најстар стрелец во историјата на Реал и во шпанската лига. Има два гола на два меча во 2025 година.

Тренерот Карло Анчелоти после мечот со Депортива Минера, рече дека да се биде во близина на Модриќ е благослов.

„Лука Модриќ е подарок за фудбалот. За сите нас кои уживаме додека го гледаме секојдневно како тренира, како се одржува во форма. Затоа е таму како што е. За него овие натпревари се како финале, тој се подготвува за нив на највисоко ниво. Вистински пример за помладите“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести