Анчелоти се врати во Реал Мадрид и веднаш тргна на пазар во Неапол

Карло Анчелоти е нов тренер на Реал Мадрид, се врати во редовите на најтрофејниот европски клуб со тригодишен договор и веднаш тргна на пазар во Неапол.

Анчелоти најави дека го сака како засилување Фабијан Руис, шпански репрезентативец од средниот ред, а ќе биде интересно дали ќе се обиде можеби да го доведе во Реал и Елиф Елмас, играч кој пристигна во Наполи на инсистирање на италијанскиот тренер.

Елиф стана член на Наполи во 2019 година, кога Анчелоти беше тренер на Наполи за сума од околу 19 милиони евра, а токму познатиот фудбалски маг инсистираше Елмас да дојде од Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести