Анчелоти со изјава која сигурно нема да му се допадне на Мурињо

Минатата сезона Рома направи голем успех и по многу години освои европски трофеј со триумфот во Конференциската лига. Римската волчица очигледно во новата сезона ќе има уште поголеми амбиции, откако на „Олимпико“ пристигнаа неколку квалитетни засилувања, меѓу кои е и Пауло Дибала од Јувентус.

Како добар познавач на италијанскиот фудбал, актуелниот стратег на Реал Мадрид, карло Анчелоти, објасни дека не очекува Рома да се бори за титулата.

„Рома доста се засили. Не можам да кажам дека ќе се бори за титулата, но направија добра работа во преодниот рок. Сепак, да се каже дека ќе се борат за титулата е ставање преголема одговорност на тим кој се менува. Тоа е екипа која може да се бори на највисоко ниво, но Јувентус, Интер и Милан моментално се подобри“, вели Анчелоти.

Рома во првото коло од новата сезона во Серија А ќе игра на 14 август и тоа на гости кај Салернитана.

- Оглас -

Најнови вести