Андерсон го „олади“ Саутхемптон

Вест хем славеше на гостувањето кај Саутхемптон на „Сент Мери“ со конечни 2-1. Фудбалерите на Мануел Пелегрини им се вратија на победите откако во претходното коло загубија првпат по пет меча (против Ватфорд 0-2). „Светците“ таман се воиграа со новиот тренер Ралф Хазенхитл и нанижаа две победи, „чеканите“ практично им ги одзедоа трите бода вечерва.

Само пет минути по почетокот на второто полувреме, Нејтан Редмонд ги израдува домашните навивачи, a набрзо потоа следуваше колапс на Саутхемптон.

Фелипе Андресон во два напади го совлада Форстер во период од шест минути за конечни 2-1. Бразилецот можеше да стигне и до трет гол во последните минути од средбата, но обидите му беа неуспешни.

Вест хем со овие бодови има вкупно 27 за преземање на деветтата позиција на табелата. Саутхемптон останува 15-ти со исто толку бодови.

- Оглас -

Најнови вести