Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончевски од Австралија упати поздрави и честитки за историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација која неодамна обезбди пласман на Европското првенство.
Популарниот чичко Дончо (85 години), кој речиси пред три децении за првпат ја предводеше Македонија на дуелот против Словенија во Крањ, му честиташе на актуелниот предводник Игор Ангеловски и му рече дека е најзаслужниот човек што успеа Македонија да се пласира на едно големо натпреварување.