Андонова е нашиот адут за дуелите со Србија и Казахстан

Македонската женска А репрезентација на 2 и 5 октомври во Скопје ќе ги одигра натпреварите од квалификациската група 1 од циклусот за Европско првенство 2021 година.

За претстојните дуели на македонската репрезентација од квалификациите за ЕП 2021, селекторот Кирил Изов испрати повик до следните фудбалерки: Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Улза Максути (Ас Јунајтед), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Наумовски Адријана (Ајова, САД), Димоска Теодора (Тиверија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија).

Подготовките ќе започнат на 28 септември. Мечевите со Казахстан и Србија ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести