Ањели најави: Јувентус пак ќе биде шампион на Италија

По завршување на денешните репрезентативни мечеви, во Европа викендов се враќаат клупските возбудувања. Во италијанската Серија А одиграни се седум кола, а интересно е тоа што актуелниот првак Јувентус го нема во Топ 4 на табелата.

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, е убеден дека и покрај тоа што Јувентус заостанува четири бода во однос на лидерот Милан, актуелниот италијански првак на крајот од сезоната повторно ќе се радува на Скудетото.

„Јувентус докажа дека има сопствен ДНК во кој на прво место е желбата за победа, а потоа доаѓа и борбениот дух. Пред нас престојат нови предизвици, а убеден сум дека ќе знаеме како да се справиме со нив. Сакаме и оваа сезона да докажеме дека Јувентус е најдобар тим во Италија“, рече Ањели.

Прв нареден предизвик за Јувентус ќе биде дуелот против Калјари во Торино. Калјари е екипа која пред четири месеци се радуваше на победа од 2:0 против шампионот, но сега речиси е невозможно да очекуваме нов подвиг.

 

- Оглас -

Најнови вести