Ангелов: Како може да ја исвиркуваат химната на нивните баби и дедовци?

Бугарија победи со 1:0 во Скопје против Македонија и заврши пред нашата репрезентација во групата од Лигата на нациите. Бугарите се со девет бода, а Македонија остана на седум.

Во соседна Бугарија на големо се слави овој триумф, а меѓу сите коментари и честитки имаше и провокации. Некогашниот бугарски репрезентативец Станислав Ангелов рече дека никако не смеело да се исвиркува бугарската химна на стадионот и објасни дека порано тоа било химна на бабите и дедовците на тие што биле на трибините.

„Многу ми е мило тоа што го кажа Антов дека дополнително се мотивирал откако била исвиркана нашата химна. За мене лично ми е чудно како може да ја свириш химната на баба ти и дедо ти? Многу е чудна цела таа работа, но пропагнадата е многу тешка“, рече Ангелов за БНТ.

- Оглас -

Најнови вести