Олимпијакос е прв учесник на фајналфорот во Евролигата, а екипите на Панатинаикос и Фенербахче може да му се придружат ако победат вечерва и исто така со 3-0 ги елиминираат своите ривали.
Панатинаикос има 2-0 по двете гостувања кај Валенсија и вечерва на свој терен има прва меч-топка за пласман на финалниот турнир кој ќе се игра во неговата сала. Во редовите на Зелените детелинки се двајца кошаркари тесно поврзани со Македонија, родениот охриѓанец Џеди Осман и натурализираниот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Валенсија нема да се предаде без борба, но по двата тесни порази дома, мало чудо би било ако се изборат за продолжување на серијата.
Европскиот првак Фенербахче го одбрани домашниот терен и има 2-0 против Жалгирис, а вечерва двата тима се среќаваат во Литванија. Квотите во Sport Life велат дека благ фаворит е Жалгирис.

Инаку во Sport Life имате опции да се обложите и на број на поени на над 20-тина кошаркари, како и на број на скокови, асистенции, фаули и тројки на тимовите.


