Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина, кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево, Куќата на Фудбалот ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Скопје, Драган Јаќимовиќ.
На средбата со Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, стана збор и за пријателските односи на двете земји, посебно во спортот. Исто така се разговараше и за големиот интерес кој владее за претстојниот натпревар меѓу двете репрезентации за кој уште од сега се бара билет повеќе и едно е сигурно, стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево ќе биде исполнет до последното место.
Тоа ќе биде последен меч пред своја публика на Босанците пред заминувањето на Светско првенство.

