Ангеловски: Големо браво за сите, ги остваривме двете цели

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од тоа што Македонија покажа дека и со играч помалку, не се предава и успеа да ја стигне негативата на Грузија. Ангеловски е среќен затоа што репрезентацијата на изминативе три меча ги оствари двете зацртани цели.

„Овој меч покажа дека Македонија никогаш не се предава. Се навикнавме и во Грузија бевме со играч помалку, еве и сега, па успеавме да се вративме. По којзнае кој пат покажавме карактер. Едно големо браво за сите, почнувајќи од капитенот, па сè до последниот член на селекцијата. Не е лесно да се одиграат три меча за кратко време. Најважно е што двете цели ги остваривме. Првата беше да го победиме Косово, а потоа и да останеме први во групата од Лигата на нации. Сега фокусот е на мечот на 12 ноември во Грузија, кој е историски за нас“, рече Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести