Ангеловски: Најдоброто издание ќе го покажеме против Косово

Игор Ангеловски, селекторот на Македонија, е задоволен од ремито против Грузија со оглед на тоа во какви услови се одигра мечот во Тбилиси.

„Игравме тежок натпревар со многу тактички надмудрувања. Освоивме бод, но загубивме два, но сепак сакам да им честитам на фудбалерите за настапот и покажаниот карактер. Игравме со играч помалку, па затоа сметам дека овој бод е заслужен. Овие два натпревари ни послужија да видиме до каде сме со напредокот по толку долга пауза, па можам да кажам дека сум задоволен што освоивме четири бода во овој циклус. Знам дека покажавме квалитет, но најдобро од нас ќе се види против Косово, само се надевам дека до тогаш сите ќе бидат здрави и на располагање“, изјави селекторот Ангеловски.

Со четири бода од два меча и прво место во групата 2, Ангеловски исто така е задоволен од целокупното прикажано на фудбалерите во овој циклус, а вели дека Македонија ќе го покаже најдоброто издание против Косово на 8 октомври.

- Оглас -

Најнови вести